сабота, 6 декември 2025

Мирисот на лимон може да ве спаси од напад на паника

Напади на паника се ненадејни епизоди на интензивен страв или непријатност придружени со физички симптоми како што се забрзано чукање на срцето, потење и чувство на задушување.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Справувањето со таквите епизоди бара ефикасни методи кои можат брзо да го смирaт телото и умот. Еден од природните начини кој во последните години го привлече вниманието на експертите е ароматерапијата со мирис на лимон (Citrus limon).

Активните соединенија во маслото од лимон, како што се лимонен и цитрал, имаат докажани анксиолитички ефекти кои ја намалуваат активноста на симпатичкиот нервен систем, одговорен за реакцијата „бори се или бегај“.

Студија објавена во 2019 година ги испитуваше ефектите од вдишување на есенцијално масло од лимон врз пациенти со анксиозни нарушувања. Резултатите покажаа значително намалување на субјективното чувство на анксиозност и намалување на физиолошките симптоми на паника, вклучувајќи го срцевиот ритам и крвниот притисок.

Друга студија од Универзитетот во Токио во 2021 година потврди дека мирисот на лимон може да ја модулира активноста на амигдалата, делот од мозокот одговорен за обработка на стравот, со што се намалува интензитетот на паниката и вознемиреноста.

Мирисот на лимон делува како природен регулатор на нервниот систем, помагајќи му на телото да премине од состојба на прекумерна активност во помирна фаза, што е клучно за запирање на нападите на паника без потреба од лекови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ