понеделник, 8 декември 2025

Мини-молњи снимени на Црвената планета: За прв пат го детектиравме ова големо откритие

Роверот Персеверанс, лансиран на Марс од американската вселенска агенција НАСА, испрати назад на Земјата докази дека атмосферата на планетата е електро-активна, детектирајќи електрични празнења, или според зборовите на еден научник, „мини-молњи“, т.е. феномени поврзани со вртлози за време на песочни бури на површината на Црвената планета.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Роверот на НАСА со шест тркала, кој ја истражува површината на Марс од 2021 година на локација наречена Кратерско езеро на северната хемисфера на планетата, ги снимил овие електрични празнења во аудио и електромагнетни верзии, потврдија истражувачите, пренесува Ројтерс.

„Ова е првата документирана електрична активност во атмосферата на Марс. Овие празнења претставуваат големо откритие, со директни импликации за атмосферската хемија, климата, погодноста за живеење и иднината на роботското и човечко истражување на Марс“, изјави професорот Баптист Шид од Институтот за истражување на астрофизиката и планетологија во Франција, главен автор на студијата објавена во списанието Нејчр.

Истражувачите анализирале 28 часа снимки што роверот ги забележал во текот на две марсовски години и откриле 55 електрични празнења, најчесто поврзани со вртлози за време на песочни бури.

„Не детектиравме класичен молња, туку мала искра, можеби долга неколку милиметри. Всушност не е молња. Звучеше како искра или пукање на камшик“, рече коавторот на студијата, Ралф Лоренц, од Лабораторијата за применета физика на Универзитетот Џонс Хопкинс во Мериленд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ