сабота, 7 јуни 2025

Метеоролозите објавија катастрофална вест: Глобалното затоплување ќе пробие уште една граница до 2030 година

Светската метеоролошка организација (СМО) денеска соопшти дека има 70 отсто веројатност меѓу 2025 и 2029 година просечното глобално затоплување да ги надмине прединдустриските нивоа за повеќе од 1,5 степени Целзиусови.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Според годишниот извештај за климата составен од Метеоролошката служба на Обединетото Кралство, врз основа на прогнози од десет центри и објавен од СМО, се очекува планетата да одржи историски нивоа на затоплување дури и по двете најтопли години во историјата.

За прв пат, податоците укажуваат и на мала веројатност од еден процент дека пред 2030 година светот би можел да доживее година што е за два степени потопла отколку во прединдустриската ера.

„Шокантно е што е можен скок на температурата од два степени. Се испостави дека тоа е само еден процент во текот на следните пет години, но веројатноста ќе се зголемува како што се затоплува климата“, предупреди Адам Скејф од Британската метеоролошка служба.

Во извештајот се додава дека има 80 отсто шанси глобалните температури да соборат барем еден годишен рекорд на топлина во следните пет години, со што ќе се зголеми ризикот од екстремни суши, поплави и шумски пожари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ