Поради софистицираното урбанистичко планирање, на овој град и денес му се восхитуваат современите научници, пренесува Пункуфер.
Градот Сигирија бил политички центар на Шри Ланка еден и пол век, денеска неговите добро сочувани остатоци се популарна туристичка атракција.
Изграден е во 5 век, за време на владеењето на кралот Касијапа, како тврдина во која се наоѓала кралска палата, градини со вода, ботанички градини и будистички храм. Како точно е изградена ваква зграда на врвот на карпа во време без модерна технологија, останува мистерија, локалните легенди тврдат дека боговите ја изградиле како палата на небото.
Подоцна, ова место било населено со будистички монаси, сè додека и тие не се повлекле, градот паднал во заборав помеѓу 1155 и 1831 година и на крајот бил проголтан од џунглата.
Повторно го откриле европски истражувачи на почетокот на 19 век, а историчарите и археолозите неуморно работеле на неговото зачувување. Во 1982 година е вклучен во листата на светско културно наследство на УНЕСКО, додека во 2009 година е отворен Музејот Сигирија, кој опфаќа археолошки истражувања од три децении.
Градот е на околу три часа возење од главниот град Коломбо и е отворен за туристи секој ден. По искачувањето на 1.250 скали, кои завршуваат со премин меѓу камени лавовски шепи, посетителите можат да поминат часови истражувајќи го овој фасцинантен споменик на архитектурата и изградбата на древна цивилизација.