Како што истакна, Грокипедија ќе се потпира на вештачката интелигенција и ќе нуди „поточни, непристрасни и целосни информации“.
Маск ја објави веста на 30 септември на мрежата Икс, велејќи дека неговиот систем за вештачка интелигенција Грок ќе ја анализира постојната содржина од интернет – вклучувајќи ги и страниците на Википедија – за да открие неточности, пропусти на контекстот и можна пристрасност, а потоа да генерира подобрени верзии на текстовите.
We are building Grokipedia @xAI.
Will be a massive improvement over Wikipedia.
Frankly, it is a necessary step towards the xAI goal of understanding the Universe. https://t.co/xvSeWkpALy
— Elon Musk (@elonmusk) September 30, 2025
„Грок може да прочита страница, да идентификува што е точно, што е делумно точно и што е неточно, а потоа да напише нова верзија со корекции и дополнителен контекст“, рече Маск.
Грок, четбот развиен од иксАИ, беше обучен на огромни збирки податоци од интернет, вклучувајќи ги и објавите на корисниците на мрежата Икс. Тој веќе функционира како одговор на услуги како ЧетГПТ, а Грокипедија, според најавите на Маск, ќе биде негова проширена апликација во доменот на знаење.






