четврток, 9 април 2026

Македонските танчери со одлични резултати во Солун

Претставниците на танцовиот клуб ТСК Ритам плус остварија значајни резултати на престижниот WDSF Thessaloniki Dance Festival, пласирајќи се во финалните кругови и освојувајќи високи позиции во повеќе категории.

Објавено на

часот

Сподели

Во конкуренција на врвни танчери од повеќе земји, македонските претставници постигнаа: Андреј Димоски и Сашка Колеска – 3 место (WDSF Adult Open Latin) и 4 место (WDSF Rising Stars); Лука Димовски и Каја Мирчески – 4 место (WDSF Junior 2);
Драган Трајковски и Дарија Трајкова – 5 место (WDSF Under 21 Latin).

Во соло категориите: Теодора Стојановска –  3 место (WDSF Youth и WDSF Adult); Елена Псалтиров – 5 место (WDSF Adult) и 6 место (WDSF Youth); Ана Колевска – 6 место (WDSF Junior 2); Никита Ангеловски – 2 место (Junior 2 Open).

Дополнително, повеќе натпреварувачи се пласираа во четвртфинале во конкуренција од над 80 учесници.

Одличните резултати беа поздравени од претседател на Сојузот на спортски федерации, Мартин Клинчаров.

Дел од судискиот панел беа и нашите реномирани судии Верица Василеска и Иван Ангелковски, а натпреварувачите беа придружувани од тренерскиот тим – Огнен Анѓушев и Симона Спировска.


„Овие резултати се потврда дека со континуирана работа и вистинска поддршка, младите спортисти од Македонија можат да бидат конкурентни на највисоко европско ниво. Ова е само дополнителен мотив за уште поголеми успеси во периодот што следи“, изјави тренерот на Ритам плус, Огнен Анѓушев, долгогодишен поранешен првак на Македонија во спортски танци, кој е дел и од компанијата Фероинвест.

Учеството на натпреварот беше поддржано од Фероинвест, кој обезбеди поддршка за тимот, како и брендирана опрема за натпреварувачите.

Компанијата и минатата година поддржа танцов спортски настан во Скопје, со што ја потврдува својата континуирана заложба за поддршка на спортот, младите и нивниот развој.

Инаку, Ритам плус минатата недела освои и најголем број награди на државното првенство во спортски танци во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ