Нешкоска заедно со својот брат Наум и сестра Калина учествувале во преводот, во улога на консултанти и тројцата испеале песна што ја превеле од англиски на македонски.
„За кој спорт станува збор? Нормално, за најпопуларниот и најисконски македонски спорт…бејзбол“, додава Невена на својот фејсбук профил.
Епизодата премиерно ќе се емитува во САД во недела, на 27ми април, во 20 часот (2 часот понеделник наутро по македонско време) на американската телевизија Фокс.
Кратката објава на ИМДб раскажува за дедо Симпсон и Мо Шислак како се здружуваат за необичен потфат. Тие регрутираат талентиран бејзбол играч од Македонија да се приклучи на локалниот бејзбол тим во Спрингфилд.