недела, 14 декември 2025

Мачор скитник: Два пати патувал 50 километри за да стигне до своето омилено кафуле

Љубопитен мачор стана редовен посетител на паб оддалечен повеќе од 50 километри од домот во кој живее. Во два наврати за нешто повеќе од еден месец, тој пешачел до своето омилено место, пренесува Би-би-си.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Пинат (Кикиритка), една година стара мачка од Норт Хајкем, Линколн, им предизвика главоболки на своите сопственици кога исчезна и заврши во пивницата Касл Рок во Нотингем – прво во јули, а потоа повторно во август.

Без разлика дали е страстен планинар или ентузијаст за воз кој знаел каде да влезе и излезе, останува мистерија како Пинат успеал да стигне таму два пати, пишува Би-Би-Си.

„Не можам да го обвинам“, изјави сопственикот Чарли Ролингс. „Да избегав и јас од дома, паб не би било лошо место за почеток.“

Госпоѓата Ролингс, која го посвоила Пинат (кој има микрочип) во ноември, изјавила дека тој првпат исчезнал три недели на 3 јули.

„Никогаш порано не исчезнал, никогаш не талка далеку од дома, па не можевме да веруваме каде стигнал“, изјави Ролингс за радио Би-Би-Си.

„Ветеринарот ни се јави и кога ни кажаа каде е, не можевме да поверуваме – мислевме дека го удрил автомобил.“

Таа додаде дека тогаш претпоставувала дека тој „скокнал во нечие комбе или автомобил“.

Кога тој повторно исчезнал на 27 август, таа сфатила дека решителниот Пинат повторно успеал да го најде патот до кафулето.

Менаџерката на пивницата, Џесика Колинс, изјави: „Ќе мора да го вклучиме во програмата за лојалност ако продолжи со ова темпо“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ