Познато е дека мачките го користат своето силно сетило за мирис за да се идентификуваат и да комуницираат со други мачки, но истражувачите сè уште не утврдиле дали можат да го користат и за да ги разликуваат луѓето, пренесува Би-би-си.
Претходните студии за препознавање на луѓето од страна на мачките покажаа дека тие се способни да разликуваат гласови, да го протолкуваат погледот на некого за да најдат храна и да го менуваат своето однесување според емоционалната состојба на лицето.
Во истражувањето учествувале 30 мачки, а истражувачите пред нив поставиле пластични епрувети или стапче со мирис на нивниот сопственик, стапче со мирис на лице од ист пол, непознато лице, како и чисто стапче.
Брисовите што содржеле мириси биле триени под пазувите, зад ушите и меѓу прстите на сопственикот или на непознато лице, мачките поминувале значително повеќе време душкајќи ги мирисите на непознати луѓе во споредба со мирисите на нивниот сопственик или празна епрувета, што укажува дека тие можат да разликуваат мириси на познати и непознати луѓе, се вели во студијата.
„Потребни се експерименти во однесувањето во кои на мачките би им биле претставени повеќе мирисни стимулации на познатите личности, а ние би требало да пронајдеме специфични модели на однесување кај мачките кои се појавуваат само како одговор на мирисот на нивните сопственици“, изјави научникот Хидехико Учијама.