Артемис 2 е втората мисија во програмата Артемис, започната во 2017 година, по успешниот беспилотен лет Артемис 1 во 2022 година. Астронаутите ќе летаат во новиот вселенски брод Орион, кој во вселената го носи ракетата Спејс Лаунч Систем (СЛС). Ова ќе биде прв пат луѓе да летаат со овие вселенски летала и прв пат човечки екипаж да се приближи до Месечината од мисијата „Аполо 17“ во 1972 година.
Мисијата е замислена како сеопфатен тест на клучните технологии, вклучувајќи ги системите за одржување на животот, безбедноста и враќањето на Земјата. Летот потсетува на Аполо 8 од 1968 година, кога астронаутите ја обиколија Месечината без слетување.
For the crew of Artemis II, their mission will soon be reality. Learn about the challenges they face and the teamwork required to fly around the Moon.
Episode 2 of Moonbound is live—and free to watch on NASA+: https://t.co/NtKmF2gywp pic.twitter.com/KBHBmVYYd6
— NASA (@NASA) January 29, 2026
Иако мисијата не вклучува слетување, Артемис 2 има голема политичка и стратешка тежина. Испраќањето луѓе надвор од ниската Земјина орбита бара долгорочна финансиска посветеност, сигурна технологија и постојана политичка поддршка. Мисиите со човечки екипаж испраќаат силна порака за сериозноста на намерите, што роботските мисии не можат, и влеваат доверба кај меѓународните партнери и комерцијалните компании.
Ова е големо технолошко достигнување. Се работи за сосема нова ракета и вселенско летало, а членовите на екипажот при враќањето во атмосферата на Земјата ќе станат најбрзите луѓе во историјата, се очекувана брзина од околу 40.000 километри на час.
Екипажот на Артемис 2 го сочинуваат четворица астронаути: тројца Американци – Рид Вајсман, Виктор Гловер и Кристина Кох, и Канаѓанецот Џереми Хансен.
Учество на Канада го нагласува меѓународниот карактер на програмата Артемис, на која досега ѝ се приклучиле повеќе од 60 земји потписнички на договорите.
Екипажот ќе започне со тестирање на клучните системи за одржување на животот на Орион, вклучувајќи опрема за воздух, вода и безбедност, веднаш по лансирањето. Ова ќе биде и прв пат астронаутите да користат систем за тоалет во длабока вселена, што е значително подобрување во однос на ерата на Аполо.
Планираното времетраење на мисијата е 10 дена, од лансирањето до слетувањето во океанот.
Доколку мисијата биде успешна, тоа ќе го отвори патот за Артемис 3 и идните мисии насочени кон градење човечко присуство на и околу Месечината, вклучувајќи ја и вселенската станица Лунар гејтвеј.
Вселенското летало Орион се потпира на Европскиот сервисен модул, произведен во Германија, кој обезбедува воздух, вода и погон.






