Квадратните лубеници за прв пат се одгледувале во Јапонија во 1970-тите од многу практична причина. Јапонските земјоделци сакале да го олеснат складирањето и транспортот на лубениците, кои зафаќаат многу простор и лесно се тркалаат поради нивната кружна форма. Потоа смислиле решение. Oдгледување лубеници во проѕирна пластична кутија во облик на коцка. Како што лубеницата расте, таа го добива обликот на калапот – без никаква генетска модификација.
Тие се одгледуваат додека сѐ уште не се зрели, па затоа често остануваат цврсти и без слаткиот вкус на кој сме навикнати од зрелите лубеници. Токму затоа квадратните лубеници ретко завршуваат на чинија – тие се повеќе визуелен спектакл и луксузен подарок отколку вистинска храна во која навистина ќе уживате.
Денес, овие лубеници може да се купат во Јапонија како украси или деловни подароци, често спакувани во луксузни кутии. Нивната цена може да достигне и до 100 евра (или повеќе) по парче, во зависност од сезоната и регионот. Тие се продаваат во специјализирани продавници, некои туристи ги купуваат како сувенири што ја симболизираат јапонската прецизност и иновација.
Освен квадратните лубеници, јапонските одгледувачи отидоа чекор понатаму – можете да најдете и лубеници во облик на срца, пирамиди, па дури и черепи. Сето ова се произведува по сличен принцип: ставање на младите плодови во калап со посакуваниот облик и чекање природата да го направи своето.
Но, важно е да се знае – во повеќето случаи, овие лубеници не се наменети за консумирање. Тие не се берат во моментот на целосна зрелост, па затоа не се ниту слатки ниту сочни како обичните лубеници.






