недела, 1 февруари 2026

Љубителите на кафе избраа – кафулето „Дрип“ е новиот синоним за најдоброто кафе

Во свет каде сè се движи брзо, културата на пиење кафе е нашиот момент за себе. Во Скандинавија „фика“ кај нас „ајде на кафе.“  Токму таа автентична, урбана приказна беше во фокусот на иницијативата „Кафе со Дајнерс“, која по неколку неделна потрага по омиленото место за пиење кафе, го круниса својот победник.

 

Објавено на

часот

Сподели

Со преку 50 пријавени кафулиња од цела Македонија, признанието за најдобро  „Кафе со Дајнерс“ и награда од 1.000 евра годинава оди во рацете на Дрип (Drip Coffee), кафулето кое успеа да ги освои срцата (и непцата) на љубителите на кафе со својот бескомпромисен квалитет, посветеност на занаетот и специфичната атмосфера која го прави градот поубаво место за живеење.

Повеќе од натпревар – славење на локалниот дух

Натпреварот не беше само за тоа кој прави подобра пена на капучиното. „Кафе со Дајнерс“ се роди како платформа за поддршка на малите бизниси, баристите и креативците кои стојат зад шанкот. Без фокус на бројки и трансакции, Дајнерс клуб Македонија го насочи вниманието кон искуството – оној момент кога првата голтка кафе го дефинира денот.

„Сакавме да го слушнеме гласот на заедницата и заедно да ги мапираме местата што му даваат душа на градот. Drip не е само локал, тоа е заедница, а Дајнерс клуб е тука за да ги препознае и поддржи токму тие вистински вредности,“ велат од компанијата.

Зошто токму Дрип?

Преку отворена номинација и гласање, публиката јасно кажа дека кај Drip coffee се цени автентичноста. Ова признание е потврда дека во Скопје и тоа како живее сериозна кафе-култура која знае да направи разлика помеѓу обичен пијалак и врвно баристичко ремек-дело. Но, ова е само почеток. Натпреварот продолжува еднаш годишно како ветување до градот дека Дајнерс секогаш ќе ги поддржува оние кои создаваат магија во секоја филџан кафе.

Дајнер клуб продолжува да биде активен чинител во поддршката на локалната сцена, докажувајќи дека е многу повеќе од платежна картичка,  тој е партнер во креирањето на секојдневните урбани ритуали.

Се гледаме во Дрип!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ