Истражувањето се темели на анализа на повеќе од 54.000 примероци на различни видови храна, кои беа тестирани по миење и стандардна подготовка. Рангирањето се врши според количината и видот на пронајдените пестициди.
Сепак, многу експерти предупредуваат дека оваа листа може да создаде погрешна слика. Повеќето од анализираните производи се во рамките на безбедните граници утврдени од надлежните агенции, а голем процент од примероците немаат мерливи остатоци од пестициди.
Тие нагласуваат дека листата не треба да ги обесхрабруваат луѓето да купуваат овошје и зеленчук. Напротив, најважно е редовно да се консумираат овие намирници, без разлика дали се органски или конвенционални.
Заклучокот на експертите е јасен – придобивките од исхраната богата со овошје и зеленчук далеку ги надминуваат потенцијалните ризици поврзани со пестицидите.






