понеделник, 7 јули 2025

Летен пијалак со само две состојки: Ги топи мастите и го чисти организмот

Човечкиот организам треба повремено да се чисти и да се ослободи од штетните материи што се акумулираат со текот на времето.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Летото е идеално време за тоа. За да му помогнеме на нашето тело и да го ослободиме црниот дроб, овозможувајќи му полесно и подобро да функционира, добро е повремено да направиме детоксикација на организмот.

Тоа најдобро се постигнува со природни сокови.

Постои рецепт за пијалак кој се прави од само две состојки. Може да помогне во губењето на тежината, елиминирањето на токсините, исто така го стимулира дигестивниот тракт и метаболизмот.

Сокот се подготвува брзо и едноставно.

Потребни состојки

– 2 големи парчиња лубеница

– еден лимон

Подготовка на пијалакот

Лубеницата исечете ја на парчиња кои ќе ги ставите во соковник или блендер. Додадете го сокот од лимон. Добро измешајте сè и пијалакот е подготвен за пиење.

Лубеницата содржи големи количини Л-цитрулин, аминокиселина која се претвора во аминокиселина л-аргинин во бубрезите. Л-аргинин ги чисти токсините и другите отрови од телото.

Лубеницата е исто така добар извор на калиум, кој ја поддржува функцијата на бубрезите. Таа е одлична помош за чистење на организмот, исто така помага и во губењето на несаканите килограми.

Лимонот го стимулира дигестивниот систем и го решава проблемот со опстипацијата. Црниот дроб исто така го сака лимонот. Покрај тоа, лимонот го алкализира телото и помага во обновувањето на pH рамнотежата на телото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ