Инцидентот се случил во понеделникот на 6 октомври, а вработените во хотелот брзо реагирале, повикале противпожарна слижба и ја известиле Агенцијата за заштита на животните, пренесува Билд.
Според информациите што ги пренесоа локалните медиуми, леопардот одеднаш се појавил пред собата, каде што мирно лежел, но гласно рикал ако некој од гостите се приближел.
Противпожарните единици во соработка со припадниците на Агенцијата за заштита на животните успеале да го успијат животното и да го отстранат од хотелот.
Хотелот беше затворен за време на операцијата, додека специјализираните сили го пребаруваа објектот. Никој од гостите не е повреден.
Во август зоолошка градина што се наоѓа во близина пријавила исчезнување на леопард, поради што властите во моментов истражуваат дали станува збор за истото животно.






