среда, 28 јануари 2026

Леонардо Ди Каприо го сруши рекордот кој повеќе од три децении го држеше Дастин Хофман

Леонардо Ди Каприо влезе во историјата на доделувањето на наградите БАФТА.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Со објавувањето на номинациите, Ди Каприо е номиниран по седми пат за наградата за најдобар актер за неговата улога во филмот „Една битка по друга“, што го прави најмладиот актер кој ја достигнал таа бројка.

Тој претходно беше номиниран за филмовите „Авијатичарот“, „Покојници“, „Волкот од Волстрит“, „Повратникот“, „Си беше еднаш во Холивуд“ и „Не гледај нагоре“. Награда БАФТА освои за неговата улога во „Повратникот“.

Со оваа номинација, тој се придружи на мала група актери со седум номинации, во која се наоѓаат Даниел Деј-Луис, Мајкл Кејн, Лоренс Оливие, Џек Лемон, Питер Финч и Дастин Хофман.

Токму Хофман досега го држеше рекордот како најмлад актер со седум номинации, кој го постави на 52-годишна возраст за филмот „Дождовен човек“. Ди Каприо сега го надмина на 51 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ