вторник, 30 декември 2025

Куркума како додаток во исхраната треба да се користи со претпазливост

Куркумата и нејзината активна состојка куркумин во последните години стекнаа голема популарност како природен додаток во исхраната, често промовирани како помош при воспаленија, болки и за општото здравје.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Иако има докажани противвоспалителни и антиоксидативни својства, стручњаците предупредуваат дека постои голема разлика помеѓу користењето куркума како зачин и земањето концентрирани додатоци, каде што дозите можат да бидат повеќекратно поголеми.

Еден од помалку познатите, но важни ризици се однесува на здравјето на бубрезите. Куркумата содржи оксалати кои, при високи дози и долготрајна употреба, можат да го зголемат ризикот од создавање бубрежни камења, особено кај лица кои претходно ги имале или имаат предиспозиции.

Истражувањата покажале дека додатоците на куркумин можат да го зголемат излачувањето на оксалати во урината, што кај чувствителни лица може да доведе до сериозни компликации. Иако куркумата во умерени количини може да има позитивни ефекти, неконтролираното земање додатоци во исхраната носи ризик од несакани ефекти и интеракции со лекови.

Затоа, стручњаците советуваат претпазливост и препорачуваат, пред долготрајно земање куркумин во форма на додаток во исхраната, задолжително да се консултира лекар, особено кај лица со хронични заболувања или проблеми со бубрезите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ