Коркоран е од Фичбург, мал град во Масачусетс, планирал да учествува во извлекувањето на Паеурбол на 9 јули.
Прво купил еден лоз што опфаќал седум натпревари, но погрешно мислел дека последното извлекување поврзано со него е истечено.
Така за помалку од 10 минути по купувањето на првиот билет, тој купил втор билет за седум извлекувања на друга локација на Пауербол. Извлекувањето за тој билет за лотарија исто така било закажано за 9 јули.
Таа „грешка“ му дала втора шанса за џекпот од 217 милиони долари.
Двата Пауербол лоза се совпаднаа со сите пет бели топчиња извлечени на 9-ти јули со бројките 5, 9, 25, 28 и 69.
Коркоран освоил 1 милион долари по тикет пред оданочување, соопшти Државната лотарија на Масачусетс, а потврди и Пауербол.
Броевите на Коркоран за малку го промашија црвениот Пауербол, среќниот број 5, еден број помалку од целосниот џекпот. Кога ги подигнал своите добивки во седиштето на Државната лотарија на Масачусетс, им кажал на вработените во лотаријата дека играл со истите случајни броеви веќе некое време, пренесува Си-ен-ен.
Двете продавници каде што Коркоран ги купил билетите ќе добијат исплата од 10.000 долари, изјави портпаролот на Државната лотарија.
Среќниот добитник исто така рече дека се чувствува добро поради двојната добивка, но дека засега нема планови што ќе прави со неа.
Шансите за освојување на џекпот на Пауербол се 1 спрема 292,2 милиони. Следното извлекување е на 21 јули со проценет џекпот од 308 милиони долари.






