Природниот феномен кој се нарекува Крвав водопад на Антарктикот, првпат го забележал австралискиот геолог Томас Грифт Тејлор. Во овие сурови и студени предели светлината ретко пробива, а температурите се длабоко под нулата.
Светлоцрвен водопад излегува од вечниот мраз, во најстудениот регион на Земјата. Крвавите водопади се меѓу најмистериозните природни феномени на Антарктикот. Долго време се претпоставуваше дека црвените алги се одговорни за впечатливата боја, но една нова студија тврди поинаку.
Користејќи модерна радарска технологија, истражувачите ги испитале слоевите мраз што го хранат водопадот. Резултатите покажале дека крваво-црвената боја не доаѓа од биолошки материјал, туку од исклучително солена, богата со железо вода скриена под мразот.
Црвената вода што тече по глечерите е многу солена, а како што истакнува тимот научници, под површината на мразот постои река, која е формирана од стара океанска вода и, само поради големата количина сол, не може да замрзне, туку ја зачувала својата агрегатна состојба.
Океанската вода е богата со железо, кое, кога е во контакт со кислородот од воздухот на површината, оксидира и добива боја на ‘рѓа.
Истражувачите дошле до овој заклучок анализирајќи ГПС податоци добиени од читање на термичките сензори, како и слики со висока резолуција направени за време на ерупција.
Овој феномен не е единствен во Универзумот, бидејќи е забележан на Јупитер и Сатурн, но ова е единствената точка на планетата Земја каде што можете да го видите.






