четврток, 12 март 2026

Кружен тек што ги става на тест и искусните возачи (ВИДЕО)

Свиндон, град во Англија, не е познат по ништо посебно, но неговиот кружен тек стана светска сообраќајна атракција, таканаречениот „Магичен кружен тек“. Еден голем кружен тек се наоѓа во круг од пет помали, и во овој хаос, наводно сè функционира повеќе или помалку, пренесува Ревија Хак.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Доколку постоеше титула за најлуд кружен тек, победникот би бил прогласен без многу размислување. Погледнете како функционира сообраќајот на кружниот тек во Свиндон – најдобриот дел започнува од втората минута.

Со години, кружниот тек Свиндон, изграден во 1972 година, е прогласуван за најлош во Велика Британија од страна на возачите, и често се случува некој од нив да заврши во спротивна насока – особено оние кои се на кружниот тек прв пат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ