недела, 7 декември 2025

Кралицата Елизабета со години јадела ист ручек од 2 состојки

Кралицата Елизабета беше позната по своето силно чувство за должност, нејзината препознатлива колекција од шарени крзна и нејзината љубов кон коргите. Но, една од помалку познатите особини на покојната кралица се однесуваше на здравата исхрана, особено кога станува збор за нејзината рутина за ручек.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според зборовите на поранешниот кралски готвач Дарен Мекгрејди, кралицата Елизабета не била „гурман“, но го одржувала својот дневен оброк лесен, чист и „едноставен“.

Зборувајќи за медиумите пред смртта на кралицата Елизабета, долгогодишниот готвач во палатата откри дека нејзината тајна за одржување на формата била тоа што била „многу дисциплинирана“ кога станувало збор за храната.

„Таа јаде за да живее, за разлика од принцот Филип, кој обожаваше да јаде и можеше да зборува за храна цел ден“, сподели тогаш Мекгрејди.

Типичен ручек вклучувал „нешто едноставно, како риба со зеленчук“, изјави тој, додавајќи:

„Таа обожава да јаде печен Довер (вид риба) со бланширан спанаќ или тиквички“, вели тој.

Овој оброк, богат со посни протеини и лиснат зеленчук, обезбедува постојан извор на енергија без да се чувствувате тешки, што било клучно за некој со толку зафатен распоред.

Според ВебМД, рибата од видот Довер е исто така богата со омега-3 масни киселини, за кои е познато дека го поддржуваат здравјето на срцето и сјајната кожа. Во комбинација со спанаќ или тиквички, овој оброк е вистинска нутритивна бомба и природен сојузник против воспаленија.

Кога кралицата Елизабета не присуствувала на државни вечери или други официјални настани, таа често јадела сама.

„Правилото е – без скроб. Без компири, ориз или тестенини за вечера. Обично нешто како печена риба со зеленчук и салата“, рече Дарен Мекгрејди.

Кралот Чарлс ја наследил љубовта кон здравата исхрана од својата мајка, но не и кога станува збор за ручек. Кралот Чарлс беше познат со години по тоа што не руча, сè додека кралицата Камила не го поттикнала да го промени тоа по дијагнозата за рак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ