недела, 7 декември 2025

Крадец ѝ се извинил на старица при грабеж: Го вратил украдениот ѓердан

Крадец во холандскиот град Синт-Аналанд ѝ се извинил на 82-годишна жена за време на провала во домот и вратил дел од украдениот накит, соопшти локалната полиција.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил во текот на ноќта, кога провалник со камен го скршил стаклото на вратата од терасата, а жената се разбудила откако светлината допрела до нејзината соба и потоа слушнала удар, соопшти денеска холандскиот јавен сервис НОС.

Откако насилно ѝ се приближил на жената, тој побарал накит додека зборувал на лош англиски, соопшти полицијата.

Тој ѝ ги зел нараквицата и огрлицата, но откако жената му кажала дека на огрлицата го носи венчалниот прстен од нејзиниот покоен сопруг, крадецот се предомислил.

„Извинете, морам, во неволја сум“, рекол крадецот, според жртвата, по што ѝ го вратил ѓерданот и избегал од местото на настанот.

Полицијата веднаш извршила претрес во околината, но сторителот засега не е пронајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ