„Во претходните истражувања, луѓето често го обвинуваа сирењето за нивните лоши соништа. Мислам дека добивме некои добри одговори на таа тема во ова истражување“, изјави Торе Нилсен, професор по психијатрија на Универзитетот во Монтреал, кој е коавтор на обете студии, објави Ен-би-си њуз.
Истражувањето опфатило нешто повеќе од 1.000 учесници, испитаниците со тешки гастроинтестинални симптоми поради нетолеранција на лактоза пријавиле почести кошмари во период од неколку месеци со повисоки нивоа на анксиозност.
Учесниците тврдеа дека млечните производи и слатките се најверојатно предизвикувачи на лоши соништа, а истражувачите веруваат дека постојат веродостојни објаснувања зошто оброк со сирење пред спиење може да доведе до лоши соништа.
„Симптомите на анксиозност што можат да ја придружуваат нетолеранцијата на лактоза можат да предизвикаат чести кошмари“, изјави Нилсен.