Купанг и продажната платформа Интерпарк не прецизираа прецизираа на што точно се однесуваат контроверзиите, но американскиот рапер, сега официјално познат како Је, неодамна објави песна наречена „Хајл Хитлер“, во која го фали нацистичкиот лидер и архитект на холокаустот.
Компанијата за спортска облека Адидас ја прекина соработката со Вест уште во октомври 2022 година, по низа антисемитски изјави, а последниот пар од неговите патики од линијата Јизи беа продадени во март.
Купанг и Интерпарк соопштија дека на сите купувачи на билети за концертот во Инчеон, закажан за 31 мај, ќе им бидат вратени парите. Купанг исто така во понеделник ја прекина продажбата на производи од модната линија Јизи на Вест на својата стриминг платформа Купанг Плеј, која исто така го организираше концертот.