вторник, 17 јуни 2025

Kолку ноќи со лош сон се доволни за да го ослабат срцето: Загрижувачко откритие на шведските научници

Научниците одамна знаат дека недостатокот на сон е штетен за срцето. Сепак, тие дури сега почнуваат да разбираат точно како непроспиените ноќи предизвикуваат оштетување на срцето.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Во нова студија, истражувачите од Универзитетот во Упсала откриле дека само три ноќи слаб сон – околу 4 часа – предизвикуваат промени во крвта поврзани со поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања, напиша Ени Кертис, професорка на Универзитетот за медицина и здравствени науки РЦСИ.

„Истражувачите ги проучуваат воспалителните протеини во крвта. Тоа се молекули што телото ги произведува кога е под стрес или се бори со болест. Кога овие протеини остануваат покачени долго време, тие можат да ги оштетат крвните садови и да го зголемат ризикот од проблеми како што се срцева слабост, коронарна срцева болест и атријална фибрилација (неправилен срцев ритам)“, рече Кертис.

Во студијата учествувале 16 здрави млади мажи кои поминале неколку дена во лабораторија, каде што сè, од нивните оброци до нивото на активност и изложеноста на светлина, било внимателно контролирано, додаде таа.

„Учесниците имаа две фази: три ноќи нормален сон (8,5 часа) и три ноќи ограничен сон (4,25 часа). По секоја фаза од спиењето, мажите мораа да возат велосипеди, а нивната крв беше тестирана пред и по тренингот со висок интензитет. Истражувачите измерија речиси 90 различни протеини во примероците од крв. Тие открија дека лишувањето од сон предизвикува јасно зголемување на воспалителните маркери поврзани со срцеви заболувања. И додека вежбањето обично ги зголемува здравите протеини како интерлеукин-6 и БДНФ (кои го поддржуваат здравјето на мозокот и срцето), овие реакции беа послаби по лошиот сон“, објаснува Кертис.

Таа додаде дека е зачудувачки што промените се случиле кај здрави и млади луѓе, по само неколку ноќи лош сон.

„Ова е загрижувачко со оглед на тоа колку е вообичаено луѓето повремено да имаат лош ноќен сон, а дури еден од четири луѓе работи во смени што ги нарушуваат овие навики на спиење. Истражувачите исто така откриле дека времето од денот кога е земена крв е важно: нивоата на протеини варираат помеѓу утрото и вечерта, а уште повеќе кога спиењето е ограничено. Ова сугерира дека спиењето влијае не само на она што е во вашата крв, туку и кога тие промени се највидливи. Додека современиот живот често нè охрабрува да го жртвуваме спиењето за работа, дружење или време пред екран, студии како оваа нè потсетуваат дека телото снима сè, тивко, хемиски и без компромис“, заклучи Ени Кертис.

Џонатан Седернез, доцент на Универзитетот во Упсала и водач на студијата, изјави дека студијата, објавена во списанието „Биомаркер рисрч“, го подобрила разбирањето за влијанието на спиењето врз кардиоваскуларното здравје.

„Повеќето големи студии за врската помеѓу лишувањето од сон и ризикот од кардиоваскуларни заболувања се фокусирале на постари лица кои веќе имаат зголемен ризик од вакви заболувања. Затоа решивме да го проучуваме ова кај млади, здрави лица по само неколку непроспиени ноќи. Важно е да се напомене дека физичката активност помогнала со некои од негативните ефекти од лошиот сон. Но, вежбањето само по себе не може да ги замени основните функции на спиењето“, рече тој во изјава од Универзитетот во Упсала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ