среда, 11 март 2026

Колку минути пешачење дневно се потребни за здравје?

Редовното пешачење е една од наједноставните и најефикасни навики за одржување на здравјето. Експертите истакнуваат дека на телото не му треба многу за да ги почувствува придобивките, но важно е секојдневно да се практикува движење.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според препораките на здравствените организации, на возрасен човек му се потребни најмалку 30 минути умерено одење дневно. Оваа активност ја подобрува работата на срцето, го забрзува метаболизмот, ги зајакнува мускулите и помага во одржувањето на здрава телесна тежина.

Пешачењето може да придонесе и за подобро расположение бидејќи го стимулира лачењето на хормоните на среќата и го намалува стресот. Добра вест е дека овие 30 минути не мора да се прават одеднаш – можете да ги поделите на три прошетки од по 10 минути во текот на денот.

За дополнителни здравствени придобивки, многу експерти препорачуваат 45 до 60 минути лесна до умерена прошетка неколку пати неделно. Оваа навика е особено корисна за регулирање на шеќерот во крвта, зајакнување на имунитетот и подобрување на физичката кондиција.

Најважно е пешачењето да стане дел од секојдневната рутина – без разлика дали станува збор за утринска прошетка, одење на работа пешки или вечерно опуштање со лесно темпо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ