вторник, 9 декември 2025

Колку е подолг палецот, толку е поголем мозокот

Колку е подолг палецот, толку е поголем мозокот. Ова го покажа истражувањето на научниците од Универзитетот во Рединг врз примати.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Истражувачите велат дека резултатите сугерираат дека мозокот ко-еволуирал со мануелната умешност кај таквите цицачи, пренесува Гардијан.

„Замислуваме еволутивно сценарио во кое приматот или човекот станале поинтелигентни, а со тоа доаѓа и способноста да размислувате за планирање акции, за тоа што правите со вашите раце и да сфатите дека сте всушност поефикасни ако тоа го правите на еден или друг начин. А оние кои имаат подолги палци или поголема способност да манипулираат со предмети на начин што умот може да го замисли, веројатно биле поуспешни“, изјави д-р Џоана Бејкер, водечки автор на истражувањето од Универзитетот во Ридинг.

Се смета дека и големиот мозок и мануелната умешност одиграле важна улога во човечката еволуција, при што спротивставените палци се клучна карактеристика што овозможува поголема способност за фаќање и манипулирање со предметите – вклучувајќи ги и алатките.

Меѓутоа, бидејќи некои други примати, исто така, имаат делумно спротивставени палци, останува прашањето дали и други промени во раката – како што е должината на палецот – можеби биле важни во еволуцијата на употребата на алатот.

„Генерално, може да се каже дека колку е подолг вашиот палец, толку повеќе имате можности за движење за кревање и контролирање на мали предмети“, изјави Бејкер.

За да го истражат ова прашање, Бејкер и колегите ја проучувале проценетата маса на мозокот и должината на палецот кај 94 видови примати, од пет наши древни роднини примати до лемури. Резултатите откриваат дека луѓето и повеќето други примати имаат палци кои се значително подолги отколку што би се предвидело врз основа на пропорциите на раката на приматот како целина. Сепак, понатамошната анализа открила интригантен образец.

„Кога имате подолги палци во однос на целата рака, тоа обично се случува заедно со целокупно зголемување на големината на мозокот“, рече Бејкер.

Само раниот примат A. sediba отстапил од овој тренд, со палец подолг од очекуваното, дури и откако ќе се земе предвид големината на мозокот – нешто што Бејкер вели дека веројатно е поврзано со живот поминат и на дрвја и на земја.

Понатамошната анализа покажа дека неокортексот, регион на мозокот вклучен во когнитивните способности, чувства и планирање на активности, е поголем кај приматите со подолги палци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ