Чантата во тиркизна боја ќе биде изложена на карпа во кафез под реплика на Т-рекс во музејот „Зоолошка градина на уметност“ во Амстердам до 11 мај, по што ќе биде понудена на аукција, со пријавена почетна цена од повеќе од половина милион долари, пренесува Ројтерс.
Научниците кои стојат зад иницијативата велат дека материјалот е развиен со користење на антички протеински фрагменти извлечени од остатоци од диносауруси кои биле вметнати во клетка на неидентификувано животно за да се произведе колаген кој бил претворен во кожа.
Scientists and designers unveiled a handbag made with lab-grown collagen derived from Tyrannosaurus rex fossils https://t.co/qk3tMHPMW0 pic.twitter.com/hDxh6MHldd
— Reuters (@Reuters) April 2, 2026
„Имаше многу технички предизвици“, рече Томас Мичел, извршен директор на компанијата „Органоид“, една од трите компании што стојат зад таканаречената чанта „од Т-Рекс кожа“.
Фирмата за геномски инженеринг „Органоид“ и креативната агенција Ви-ем-ел, уште една компанија што стои зад проектот, претходно соработуваа на создавање џиновско ќофте во 2023 година со комбинирање на ДНК од волнест мамут со клетки од овци.
Че Конон, извршен директор на компанијата Лабораторија за кожа, која работеше на производство на кожа за чантата од вештачки колаген, рече дека потеклото од диносаурус ѝ дава дополнителен „шмек“.
“Не станува збор само за зелена алтернатива на кожата, туку за технолошки напредок,” рече Коннон за лабораториски произведената кожа.
Некои научници надвор од проектот изразиле скептицизам во врска со терминот „кожа од Тираносаурус рекс“, велејќи дека ќе биде потребен материјал од други животни.
Холандскиот палеонтолог за ‘рбетници, Мелани Дуринг, од Слободниот универзитет во Амстердам, изјави дека колагенот може да опстојува во коските на диносаурусите само како фрагментирани траги што не можат да се користат за повторно создавање на кожа или кожа од Тираносаурус рекс.
Томас Р. Холц, палеонтолог на Универзитетот во Мериленд, слично изјави дека секој колаген идентификуван во фосилите на Т-рекс доаѓа од внатрешноста на коската, а не од кожата, и дека дури и протеините што совршено се совпаѓаат немаат таква организација на влакна во поголем обем што ѝ ги дава на животинската кожа нејзините карактеристични својства.
„Јас би рекол дека кога правите нешто ново за прв пат, секогаш има критики“, рече Мичел како одговор.
„Мислам дека сме навистина благодарни за таа критика. Тоа е темелот на научното истражување… Мислам дека ова е најблиску што некој бил и веројатно ќе биде до создавање нешто што е од Т-рекс.“






