четврток, 5 јуни 2025

Коктел против стареење го продолжува животниот век на глувците за околу 30 отсто

Научниците во Европа тестирале коктел од супстанции против стареење врз глувци и откриле дека тој им го продолжил животниот век за околу 30 отсто. Глувците, исто така, останале поздрави подолго, со помалку хронично воспаление и одложена појава на рак.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Двата лека за кои станува збор – рапамицин и траметиниб – се користат за лекување на различни видови рак. Рапамицинот често се користи и за спречување на отфрлање на органи и покажа ветувачки резултати во продолжувањето на животниот век кај животните. Траметиниб, од друга страна, го продолжува животниот век на винските мушички, но не е познато дали делува кај поголеми животни.

Во новата студија, истражувачите предводени од научници од Институтот Макс Планк во Германија испитувале како двата лека, одделно и заедно, би можеле да го продолжат животот на глувците.

Како што е добро познато, беше откриено дека рапамицинот сам го продолжува животниот век на глувците за 17-18 отсто. Траметиниб, исто така, немаше негативен ефект, продолжувајќи го животниот век за 7-16 отсто. Меѓутоа, кога нивните моќи беа комбинирани, третираните глувци доживеаја значително продолжување на животниот век од околу 26-35 отсто.

Дополнителното продолжување, пак, не претставува едноставно намалување на слабоста и болеста. Комбинираниот третман го одложи растот на туморите на црниот дроб и слезината кај глувците и го намали воспалението во мозокот, бубрезите, слезината и мускулите поврзано со стареењето. Животните изгледаа поактивни на постара возраст, со намалена телесна тежина и побавно опаѓање на срцевата функција.

Колку и да се интригантни овие резултати, не треба да очекуваме да живееме до 130 години со помош на некои апчиња. Наместо тоа, најперспективниот аспект во однос на примената кај луѓето може да биде подобрувањето на квалитетот на животот во староста.

„Иако не очекуваме слично продолжување на човечкиот животен век како кај глувците, се надеваме дека лековите што се испитуваат ќе им помогнат на луѓето да останат здрави подолго време подоцна во животот“, вели генетичарот Линда Патриџ.

За да ги тестираат лековите, истражувачите им дале на стотици глувци редовни дози на рапамицин, траметиниб или двата лека од шестмесечна возраст и го мереле нивното преживување во текот на остатокот од нивниот живот. Иако придобивките биле забележани од секој лек поединечно, најдобри резултати биле забележани со комбинираниот третман.

Просечниот животен век се зголемил за 34,9 отсто кај женските глувци и 27,4 кај машките, додека максималниот животен век се зголемил за 32,4 отсто кај женските и 26,1 кај машките глувци.

Се чини дека придобивките од комбинацијата на лекови не зависи само од дозата. Иако двата лека дејствуваат на истиот сигнален пат – тие таргетираат различни цели. Кога истражувачите ја анализирале генската експресија, било откриено дека одредени промени се случуваат само кога биле дадени двата лека.

Значајно е што комбинацијата на двата лека немаше дополнителни несакани ефекти покрај оние што веќе се познати за секој поединечно.

Испитувањата врз луѓе би можеле да започнат релативно наскоро. Двата лека се веќе одобрени за човечка употреба во Соединетите Американски Држави и во Европската Унија, а ефектите против стареење се покажани во претходните студии. Рапамицин, на пример, се чини дека ја продолжува плодноста на жените во предменопауза до пет години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ