„Зимската депресија, позната како сезонско афективно растројство, е состојба која е општоприфатена во светот, нејзин главен симптом е упорна тага што трае најмалку две недели. Покрај тоа, според оценката на стручњаците дадена во најновото истражување, се јавуваат и екстремни однесувања во исхраната – од целосно избегнување на намирници до огромно прејадување, од прекумерно спиење до чувство на безвредност“, се наведува во истражувањето.
Тие додаваат дека научниците причината за појавата на зимската депресија ја гледаат во намалувањето на нивото на дневна светлина, што го нарушува биолошкиот часовник на организмот, а поради тоа се нарушува и регулацијата на невротрансмитери важни за емоционалната рамнотежа.
„Во голема студија со повеќе од 10.000 учесници е откриено дека голем број од нив страдале од зимска депресија, но и од општа забавеност на организмот, која се карактеризирала со отежнато учење, меморија и забавена концентрација“, наведуваат научниците.
Експертите зимската депресија ја поврзуваат и со недостаток на витамин Д, за кој се верува дека помага во зачувување на здравјето на мозокот.
Бројни истражувања досега ја поврзаа должината на денот и емоционалната состојба на личноста, најновото во низата потврди дека недостатокот од дневна светлина влијае врз појавата на депресија.






