Кира Најтли и Мајкл Фасбендер пиеле вотка за време на снимањето на „Опасен метод“.
Тие двајца ги глумат Сабина Шпилрејн и нејзиниот психијатар Карл Јунг во новиот филм на Дејвид Кроненберг.
26-годишната Кира призна дека за време на понепријатните сцени таа се вртела кон алкохолот.
Таа за списанието Калчр изјави: „Пиевме по една до две чашки. Вотката ни помагаше да си ги смириме нервите и да пројдеме низ целото искуство. А потоа пиевме шампањ. Пиевме прилично многу шампањ. Мајкл беше многу снаодлив кога требаше да се најде шампањ. Вотката и шампањот се одлична комбинација“.
Кира откри и дека одбира само улоги што ја предизвикуваат и дека сака да биде уплашена од своите филмови.
„Мислам дека сè што работев во последните пет години го има заедничкиот именител – она што ме плаши, она што не знам како да го направам. Мислам дека е од себични причини. Ако успееш да направиш нешто што е голем предизвик, добиваш многу од тоа, без разлика дали крајниот производ е успешен или не“, додаде таа.