Новиот оптички часовник е толку прецизен што губи или добива помалку од една секунда во текот на приближно 30 милијарди години.
Ова значи дека доколку работи подолго од двојно поголема возраст од вселената, би заостанувал само една секунда, според истражувачите од Универзитетот за наука и технологија во Кина, пишува Индипендент.
Оптичките часовници мерат секунди до 19 децимални места и во моментов се најпрецизните уреди за мерење на времето.
Тие функционираат врз основа на фреквенцијата на светлината што ја емитираат електроните додека се движат помеѓу енергетските нивоа во атомите.
Ваквите часовници обезбедуваат исклучително прецизни временски референци за модерните технологии како што се сателитската навигација, телекомуникациите и прецизните мерења, но се користат и во фундаменталната физика, откривање на гравитациски бранови и темна материја.
Досега научниците не успеале да создадат часовници кои надминуваат ниво на точност 10⁻¹⁹, што значи отстапување од една секунда дури по десетици милијарди години.
За да биде можно редефинирање, најмалку три такви оптички часовници мора да работат во различни институции. Два веќе го достигнаа ова ниво, а како што се приклучуваат нови, критериумите за редефинирање на секундата наскоро би можеле да бидат исполнети.






