петок, 19 декември 2025

Кинезите го изградија најдолгиот тунел во светот (ВИДЕО)

Тунелот Тјаншан Шенгли, најдолгиот тунел во светот, ќе биде отворен за сообраќај до крајот на годината во кинескиот автономен регион Синџијанг-Ујгур, соопштија регионалните власти.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Тунелот, долг 22,13 километри, е дел од автопатот Урумчи-Јули и ќе ги поврзува северните и јужните делови од регионот преку планинскиот венец Тјаншан.

Со неговото пуштање во употреба ќе се намали времето потребно за преминување на планините од неколку часа на речиси 20 минути.

Според заменикот директор на регионалниот оддел за транспорт, Гуо Шенг, проектот ќе ги ублажи долгогодишните сообраќајни метежи и ќе придонесе за порамномерен развој на Синџијанг.

Патувањето помеѓу Урумчи и Корле, кое претходно траеше околу седум часа, ќе биде скратено на приближно три часа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ