Висок 1,69 метри и движејќи се на две нозе, АгиБот А2 тргнал од градот Суџоу во источна Кина во вечерните часови на 10 ноември и поминувал автопати и улици за да стигне на 13 ноември во историската четврт Бунд во Шангај, објави Гинисовата книга на рекорди.
Компанијата „АгиБот“ со седиште во Шангај, која го создаде двоножниот робот, изјави дека машината „патувала по различни површини… почитувајќи ги сообраќајните правила“ за време на своето непрекинато патување од 106 километри, што Гинис го потврди како прв подвиг од ваков вид.
Промотивните видеа го прикажуваат А2, црно-сребрен робот, како полека, но сигурно шета низ улиците до Шангај.
A China-made humanoid robot completed a 106.286-km cross-province walk from Jinji Lake in Suzhou, east China’s Jiangsu Province, to the Bund in Shanghai, from November 10 to 13, marking a new Guinness World Record for the longest journey walked by a humanoid robot. #China 🇨🇳 pic.twitter.com/ixOQIZn8ht
— 孙松_SunSong (@ChinaSunSong) November 24, 2025
Роботот А2 е дизајниран за задачи како што се корисничка служба и е опремен со функција „разговор“ и можност за читање од усни.
Глобалните технолошки компании инвестираат колосални суми во физичка вештачка интелигенција, која ги разбира законите на физиката и може да го перципира и да се движи низ човечкиот свет. Според предвидувањата на агенцијата „Морган Стенли“, светот би можел да има повеќе од милијарда хуманоидни роботи до 2050 година.
Кинеската влада ги охрабрува домашните компании да развиваат вакви роботи, надевајќи се дека ќе станат светски лидер во индустријата.
Пекинг беше домаќин на првите Светски игри со хуманоидни роботи во август, каде што повеќе од 500 „спортисти“ се натпреваруваа во широк спектар на дисциплини: кошарка, танц, па дури и чистење хотелски соби.






