среда, 10 декември 2025

Кинески астронаути поставија заштита од вселенски отпад на станицата Тиангонг (ВИДЕО)

Кинеските астронаути поставија заштита од вселенски отпад на постојано населената вселенска станица Тиангонг, соопшти Кинеската агенција за вселенски летови со човечки екипаж, еден месец откако првпат беше оштетено едно пристигнато летало.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

За да се спречи повторување на вонредната состојба од минатиот месец, двајца членови на тричлениот екипаж на „шенџоу-21“ спроведоа вселенска прошетка и распоредија заштита користејќи ја роботската рака на Тиангонг, соопшти Канцеларијата за хумано вселенско инженерство на Кина (ЦМСЕО).

Астронаутите го прегледале и фотографирале оштетениот прозорец на вселенското летало „шенџоу-20“, кое сè уште е приклучено на станицата и ќе биде вратено на Земјата без екипаж за понатамошна анализа, пренесува Ројтерс.

На почетокот на минатиот месец, мало парче отпад, кој се движел со голема брзина, удрил во прозорецот на повратната капсула на вселенското летало шенџоу-20, непосредно пред тоа да биде подготвено да го врати својот тричлен екипаж на Земјата.

Штетата беше оценета како доволно сериозна што кинеските власти одлучија да го одложат враќањето, а потоа го испратија екипажот назад на единственото друго достапно вселенско летало, „шенџоу-21“, пренесе Ројтерс.

Ова ја започна првата итна вселенска мисија на Кина, бидејќи екипажот на „шенџоу-21“ остана без функционално вселенско летало 11 дена.

Распаѓањето на застарените сателити, инцидентите со активни вселенски летала и тестирања против сателитско оружје создаваат огромни полиња од отпад што остануваат во орбитата со години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ