понеделник, 8 декември 2025

Кина во вселенска мисија ги испраќа најмладиот астронаут и глувци

Кина ќе го испрати најмладиот астронаут во својата историја на вселенската станица како дел од својот следен лет со екипаж, објавија властите, додавајќи дека таму ќе се најдат и четири лабораториски глувци.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Вселенската станица Тјангонг, со која работат тимови од три астронаути кои се менуваат на секои шест месеци, е круната на вселенската програма на Кина, која инвестираше милијарди долари во обид да ги стигне САД и Русија.

Мисијата „Шенжоу-21“ би требало да полета во 23:44 часот по локално време во петок од Центарот за лансирање сателити Џиукван во северозападна Кина, изјави Џанг Џингбо, портпарол на Кинеската вселенска агенција со екипаж (ЦМСА).

Инженерот за летови Ву Феј, кој наскоро ќе наполни 32 години, ќе стане досега најмладиот кинески астронаут во вселенска мисија, соопштија властите.

Патувањето вклучува и четири лабораториски глувци – два мажјаци и две женки – кои ќе послужат како први кинески експерименти во орбитата врз глодари, изјави портпаролот на ЦМСА, Жанг.

Вселенската програма на Пекинг, трета по ред што испрати човечки екипаж во орбитата, претходно слета со роботски ровери на Марс и на Месечината.

Кина ги засили плановите за остварување на својот „вселенски сон“ под водство на претседателот Си Џинпинг.

Пекинг изјави дека сака да испрати мисија со човечки екипаж на Месечината до 2030 година и има намера да изгради база на површината на Месечината.

ЦМСА објави дека „цврсто се придржува“ кон таа цел. Во подготовка се серија „клучни претстојни тестови“, вклучувајќи тестирање на лунарниот модул Ланјуе и вселенското летало со екипаж Менгжу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ