Експериментот беше спроведен со употреба на научен товар за повторно влегување во атмосферата развиен од Кинескиот институт за механика при ЦАС, а беше лансиран во вселената од суборбитално вселенско летало, комерцијално возило за повторно влегување во атмосферата на кинеската компанија ЦАС Спејс.
Според Кинеската академија на науките, овој успех го означува преминот на кинеската технологија за производство на метали од фазата на копнени истражувања во нова фаза на инженерска верификација во вселената, достигнувајќи го нивото на светскиот технолошки врв.
Изведувањето на 3Д печатење на метал во вселенска средина е значително посложено отколку на Земјата, а истражувачкиот тим наводно успеал да ги надмине клучните технички предизвици, вклучувајќи стабилен транспорт на материјал во микрогравитација, контрола на затворен процес и сигурна координација помеѓу товарот и вселенското летало.
#看科技学中文 On Jan 22, China successfully recovered the first microgravity metal 3D printing (3D打印 sāndì dǎyìn) payload from space. The inaugural metal additive manufacturing experiment took place aboard the Lihong-1 Y1 rocket, which launched on Jan 12. #TechByte #ChineseBite pic.twitter.com/PQ9uGLJS7s
— Science and Technology Daily (@SciTechDaily01) January 23, 2026
Откако експериментот беше завршен, товарната капсула слета безбедно со помош на падобран и веднаш беше превземена.
Научниците собрале вредни податоци за однесувањето на стопениот метал, процесот на стврднување, како и за геометриската прецизност и механичките својства на деловите произведени во вселената.






