петок, 3 април 2026

Кина развива робот со вештачка матка што може целосно да го промени начинот на раѓање на деца

Кинескиот научник Џанг Чифенг го претстави концептот на хуманоиден робот со вештачка матка кој би можел да носи фетус во текот на целата бременост.

Фото: АИ

Објавено на

часот

Сподели

Проектот го развива компанијата Каива технолоџи, а идејата е да се обезбеди алтернатива на природната бременост и да им се помогне на паровите кои имаат проблеми со неплодност.

Технологијата се заснова на вештачка матка наполнета со синтетичка течност која ја имитира природната средина, додека системот на цевки би обезбедувал кислород и хранливи материи. Инспирацијата доаѓа од претходни експерименти, како оние во Детската болница во Филаделфија, каде што предвремено родените животни беа одржувани живи.

Развојот на оваа идеја е поврзан со демографската криза во Кина, каде што неплодноста е во пораст, а стапката на наталитет опаѓа. Исто така, сурогат мајчинството е забрането, па затоа оваа технологија би можела да биде алтернативно решение.

Сепак, проектот предизвика жестоки реакции. Додека некои гледаат шанса за напредок и помош за семејствата, други предупредуваат на дехуманизација на раѓањето и сериозни етички дилеми. Експертите нагласуваат дека сè уште нема докази за безбедноста и долгорочните последици од овој начин на доаѓање на свет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ