понеделник, 2 јуни 2025

Кина ја започна првата мисија за собирање примероци од астероид

Кина денеска ја започна својата прва мисија за собирање примероци од близок астероид со ноќно лансирање на вселенското летало Тјанвен-2, пренесува Ројтерс.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Лансирањето на роботската сонда би можело да ја направи Кина третата земја која успешно извлекла недопрени карпи од астероид, соопшти агенцијата.

Кинеската ракета „Долг марш 3Б“ беше лансирана околу 1:31 часот по локално време од Центарот за лансирање сателити Сичанг, носејќи го вселенското летало Тјанвен-2, кое следната година ќе се приближи до мал астероид близу Земјата, наречен 469219 Камо’оалева.

Мисијата е најнов пример за брзо проширување на кинеските вселенски програми, низа космички достигнувања во последниве години што вклучува слетување роботи на далечната страна на Месечината, водење на сопствена национална вселенска станица во орбитата и големи инвестиции во плановите за испраќање луѓе на површината на Месечината до 2030 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ