Одлуката за одложување на враќањето има за цел да се обезбеди безбедноста на астронаутите и успехот на мисијата, соопшти агенцијата.
Кина минатата недела лансираше вселенско летало „шенџоу-21“ кон кинеската вселенска станица Тјангонг, каде што се наоѓаат тројца астронаути, како замена за екипажот на „шенџоу-20“, кој таму престојува од април.
Вселенското летало полета од Центарот за лансирање сателити Џиученг во северозападна Кина.
Ова е седма мисија на кинеската вселенска станица откако беше завршена во 2022 година.
Тјангонг се наоѓа во ниска орбита околу Земјата, на висина од 340 до 450 километри над површината на Земјата.






