понеделник, 8 декември 2025

Кина го лансираше вселенското летало „шенџоу-22“

Кина лансираше вселенско летало „шенџоу-22“ од Центарот за лансирање сателити Џијучуан на северозападот на Кина, што е првата мисија за итно лансирање во рамките на програмата со екипаж на земјата.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Вселенското летало се одвои од ракетата „долг марш“ и влезе во планираната орбита, пренесува Синхуа. Кинеската вселенска агенција со екипаж го прогласи лансирањето за целосно успешно.

Шенџоу-22 беше лансиран без екипаж за да може дел од екипажот на Тјангонг (во превод Небесна палата) да го користи и да се врати на Земјата кога ќе дојде време за тоа, и за да не се надмине препорачаниот број членови на екипажот на вселенската станица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ