Доколку се постигне практична примена и масовно производство, новата батерија би можела да се користи за балансирање на енергијата за соларни електрани и ветерници, пишува веб-страницата Балкан грин енерџи.
Според истражувачите, новата батерија може да издржи повеќе од 120.000 циклуси на полнење и празнење во лабораториски услови. Повеќе од 100.000 циклуси значи дека батеријата може да трае најмалку 10 години.
Ова би можело да биде исклучително важно за складирање на енергија во енергетски систем за балансирање на сончевите електрани и ветерните фарми. Исто така, би можело да се користи како резервен систем за центри за податоци.
За споредба, литиум-јонските батерии значително деградираат меѓу 1.000 и 3.000 циклуси.
Како што се истакнува, новата батерија е безбедна, еколошки прифатлива, незапаллива и нетоксична, додека литиум-јонските батерии се познати по запаливост и проблемите поврзани со експлоатацијата, обработката и отстранувањето на отпадот. Растворот што се користи е толку безопасен што може да се користи дури и како саламура за тофу сирење, се наведува во студијата.
Од друга страна, овие батерии имаат помала густина на енергија и може на долг рок да не се соодветни за мобилни телефони.






