четврток, 1 мај 2025

Кети Пери денеска лета во вселената (ВИДЕО)

Музичката ѕвезда Кети Пери ќе биде една од членовите на целосно женската екипа која ќе патува до работ на вселената со ракетата на милијардерот Џеф Безос.

Фото: Скриншот Инстаграм

Објавено на

часот

Сподели

Ракетата ѝ припаѓа на компанијата Блу ориџин, која е во сопственост на основачот на Амазон.

Екипата се состои од пет жени, покрај свршеницата на Безос, Лорен Санчез, ќе бидат и телевизиската водителка Гејл Кинг, продуцентката Керијан Флин, поранешната научничка на НАСА, Ајша Боу, и Аманда Нгујен, основач на организација против сексуално насилство.

Целосно автоматизираното вселенско летало ќе полета вертикално, капсулата на екипажот ќе се одвои на средината на летот, а подоцна ќе се врати на земјата забавена од падобрани и ракета.

Вселенската мисија е прва со целосно женски екипаж по историскиот лет на Валентина Терешкова во 1963 година.

Ова е 11-та суб-орбитална операција на Блу ориџин, компанија која обезбедува услуги за вселенски туризам веќе неколку години.

Пери неодамна изјави за магазинот Ел дека ќе учествува во мисијата „поради нејзината ќерка Дејзи“ која ја има со актерот Орландо Блум „за да ја инспирира дека нејзините соништа никогаш немаат граници“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ