среда, 18 февруари 2026

Каранфилчето е мал зачин со моќни ефекти: Еве зошто треба да го користите секој ден

Каранфилчето е ситен, но исклучително моќен зачин кој се користи во народната медицина со векови. Иако најчесто се поврзува со колачи и топли напитоци, неговата здравствена придобивка далеку ја надминува кулинарската употреба.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Каранфилчето е богато со еугенол, природно соединение кое има силно антибактериско, противвоспалително и аналгетски ефект. Токму поради тоа често се користи за олеснување на забоболка и проблеми со непцата.

Каранфилчето помага во одржувањето на оралното здравје, го намалува присуството на бактерии и го освежува здивот. Позитивно е за варењето бидејќи ги намалува надуеноста и грчевите и го стимулира лачењето на дигестивните ензими. Исто така, помага во зајакнување на имунитетот и може да има корисен ефект врз концентрацијата и општата ментална состојба.

Како да се користат каранфилчиња?

Едно каранфилче може лесно да се џвака за да се ублажат проблемите со забите и непцата. Чајот од каранфилче се користи за смирување на желудникот и зајакнување на телото. Може да се додаде во кафе, чај или јадења како ароматичен и здрав додаток. Маслото од каранфилче се користи само разредено и локално, најчесто за болка.

Важна забелешка

Поради својата јачина, каранфилчето треба да се користи умерено. Прекумерната употреба може да предизвика иритација, особено кај чувствителни лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ