петок, 12 декември 2025

Каналите во Амстердам ќе добијат скали за спасување на мачки од давење

Властите во Амстердам ќе изградат специјални скали на често високите и лизгави ѕидови на градските канали за да им овозможат на мачките да избегаат откако ќе паднат во водата, објави во вторник дневниот весник Хет Парул.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Градскиот совет даде зелено светло за оваа мерка, пренесува весникот.

Изградбата на скали за мачки, или „Катентрапје“ ја предложи советничката Џудит Кром од Партијата за животни (ПвдД).

Таа нагласи дека каналите во Амстердам станале смртоносна замка за мачки, со оглед на тоа што само во изминатите шест месеци во нив се удавиле 19 животни.

Мачките можат да пливаат и да останат на површина подолго време, но во одреден момент мора да се вратат на суво за да избегнат давење.

Службата за спасување животи во Амстердам сега ќе помага во идентификувањето на каналите што се особено опасни за мачките пред да започнат градежните работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ