вторник, 22 јули 2025

Како Тесла се одвезе до својот нов сопственик, без возач и без далечински управувач (ВИДЕО)

Автомобил „Тесла модел ипсилон“ беше доставен до својот сопственик независно за прв пат – без возач или далечински управувач.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата Тесла објави видео од првата автономна испорака на автомобил во светот.

„Овој автомобил на Тесла сам се возеше од фабриката во Тексас до домот на новиот сопственик, на околу 30 минути оддалеченост, од паркинг, преку автопат и градска улица за да стигне до својот нов сопственик“, соопшти компанијата.

Електричниот автомобил „Тесла модел ипсилон“ во овој случај немал возач ниту патници, ниту пак бил управуван од далечина.

Овој настан означи нова фаза во демонстрирањето на технолошкиот напредок на Тесла во автономното возење.

Според Ашок Елусвами, раководител на одделот за вештачка интелигенција и технологија за автопилот во Тесла, електричниот автомобил достигнал максимална брзина од 72 милји на час (приближно 116 км/ч) за време на патувањето.

Минатиот понеделник, компанијата Тесла ги лансираше првите јавни возења на долгонајавуваното робо-такси, целосно автономно возило без возач.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ