Но, материјалот од кој се направени овие чашки е многу тежок за рециклирање, што придонесува за растечката криза со пластика.
Студентката по инженерство Лорен Чои, видела можност да ги претвори овие проблематични чаши во ткаенина. Во 2019 година, за време на нејзината последна година од студиите, таа предводеше тим што изгради машина за истиснување и предење пластичен отпад во текстилни нишки.
Тие соработувале со братствата во кампусот за да соберат илјадници црвени чаши. Потоа Чои тргнала на часови по ткаење за да може да направи примерок од ткаенина од тие нишки. Тоа стана основата за Њу Норм, текстилна компанија која денес трансформира разновидна рециклирана пластика по потрошувачката во стилски маици и капи.
„Секогаш сум размислувала долгорочно“, изјави Чои. „Тоа ми помага да гледам подалеку од следните неколку години и да ја видам поголемата слика, каде што глобално, кризата со пластиката е нешто што треба да го решиме“, пренесува Гардијан.
„Би било неверојатно кога би живееле во свет без пластика“, рече Чои. „Но, ако го погледнете обемот на девствени, синтетички влакна што се произведуваат годишно, зборуваме за милијарди тони материјал. Има долг пат што треба да се помине.“






