Температура
Идеалната температура е од 21 до 23 степени Целзиусови.
Не ја зголемувајте температурата нагло на 26 до 28 степени, бидејќи тогаш клима уредот работи неефикасно и го суши воздухот.
Ако излегувате од просторијата, не ја гасете климата постојано – подобро е да ја одржувате да работи стабилно.
Насока на воздух
При загревање, насочете ги клапните надолу.
Топлиот воздух се крева нагоре, па затоа е важно климатизерот да го „турка“ кон подот.
Ако имате опција нишање (swing), вклучете ја.
Континуирана работа
Климатизерот е најефикасен кога работи подолго и рамномерно.
Често вклучување и исклучување: троши повеќе електрична енергија, го оптоварува уредот и создава поголеми температурни разлики.
Влажност на воздухот
Греењето со клима уред го суши воздухот. Ако можете користете овлажнувач на воздух или ставете сад со вода во близина на изворот на топлина. Идеална влажност е од 40 до 60 проценти.
Проветрување
Проветрете кратко и интензивно (5 минути).
Не го држете прозорецот „подотворен“ со часови, бидејќи се губи топлина и клима уредот мора да работи понапорно.
Здравствени совети
Не седете директно под или пред клима уредот.
Ако почувствувате сува уста, пецкање во грлото или главоболка, тоа најчесто е знак дека воздухот е премногу сув или температурата е премногу висока.
Топла вода или чај помагаат да се избегне сушење на слузокожата.
Одржување
Чистете ги филтрите на 2 до 4 недели.
Валканите филтри:
- полошо греат
- трошат повеќе струја
- го влошуваат квалитет на воздухот.






