недела, 7 декември 2025

Како Исланд ја исклучуваше телевизиската програма во четврток и тоа со добра причина

Луѓето во Исланд родени пред 1987 година често се шегуваат дека веројатно биле зачнати во четврток. Работата е во тоа што секој четврток бил ден за комуникација кога луѓето требало да обрнат поголемо внимание едни на други. Затоа единствениот канал во земјата во тоа време не работел во четврток.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Од 1966 до 1987 година, исландската телевизија не емитувала програма во четврток, со цел да ги охрабри граѓаните да поминуваат повеќе време надвор и да се дружат, наместо да седат пред екран. Оваа идеја траела повеќе од две децении и прерасна во национална традиција.

Историјата на исландскиот национален јавен радиодифузен сервис РУВ започнува во 1930 година, кога е основан како радио станица.

Речиси четириесет години подоцна, во 1966 година, РУВ лансираше телевизиски канал, но Исланѓаните можеа да гледаат телевизија секој ден од неделата дури од 1987 година.

Пред да почне РУВ да емитува програма, единствениот начин Исланѓаните да гледаат телевизија бил со фаќање на сигналот на англиски канал наменет за американските војници во базата Кефлавик.

Некои Исланѓани, вклучувајќи го и познатиот националистички писател Халдор Лакснес, биле загрижени за влијанието на американската програма врз исландскиот културен идентитет, особено затоа што не постоела локална алтернатива, пренесува Историски факти.

Кога РУВ започнал со работа, програмата се емитувала само двапати неделно.

Постепено се зголемувал бројот на денови и часови на емитување, но телевизијата сè уште беше „во мрак“ секој четврток.

Се верува дека практиката била воведена за да се охрабрат жителите да излезат надвор и да се дружат, иако некои се сеќаваат дека тоа всушност бил слободен ден за мал тим вработени.

Под притисок од конкуренцијата од приватните канали, вклучувајќи го и Канал 2, кој започна со емитување во 1986 година, РУВ конечно одлучи да работи секој ден.

Првпат имало програма во четврток во октомври 1986 година, кога во Рејкјавик се одржал историскиот самит на Роналд Реган и Михаил Горбачов. Реган пристигнал во четврток, а РУВ го пренесувал настанот во живо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ