сабота, 6 декември 2025

Како да знаете дали внесувате доволно јод?

Јодот, елемент без мирис и вкус, стои на првата линија на одбрана на нашата тироидна жлезда, а со тоа и на нашето целокупно здравје.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, експертите предупредуваат дека голем дел од населението сè уште не ја консумира препорачаната дневна доза.

Јодот е неопходен за синтеза на тироидните хормони – тироксин (Т4) и тријодотиронин (Т3). Овие хормони влијаат на бројни процеси во телото, вклучувајќи:

  • Регулирање на метаболизмот
  • Одржување на телесната температура
  • Срцева функција и крвен притисок
  • Развој на мозокот и нервниот систем, особено кај фетуси и мали деца
  • Раст и правилен развој на организмот

Докторот Дејвид Дери вели дека јодот е најдобар антибиотик и средство против вируси. Тој истакнува дека јодот убива бактерии, вируси, габи, протозои, па дури и спори на бактерии и габи.

Во контекст на фактот дека повеќето болести или започнуваат или продолжуваат со воспаление предизвикано од бактерии и вируси, тогаш оваа информација е важна.

Имено, на секои 17 минути, крвта повторно циркулира низ ткивото на тироидната жлезда, каде што, доколку има доволно количество јод, бактериите и вирусите ќе бидат уништени.

Колку јод е доволно?

  • Возрасни: околу 150 микрограми (мкг) дневно
  • Бремени жени и доилки: 220 – 290 мкг. дневно
  • Деца: 90 – 120 мкг. дневно

Организмот не може сам да го произведува. За разлика од некои витамини, јодот не може да се синтетизира – тој мора да дојде однадвор.

Најчест извор е јодирана сол, но проблемот е што додавањето сол во храната може да го зголеми ризикот од други здравствени проблеми како што се висок крвен притисок и срцеви заболувања, па затоа се препорачува претпазливост при неговата употреба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ